Прочитајте:
Отворен ден
Одржан на седми мај. Волонтерите од центарот успешно ја завршија задачата
презентирајќи го и центарот и училиштето на потенцијалните идни ученици.
Отворен ден
Посета на ПМФ
Посета на Природно Математичкиот Факултет.
Гостување на Виктор Петров-Викса
Волонтерите од Кариерниот Центар имаа за шанса да разговараат со
популарниот радио водител, а и да организираат и натамошни средби.
За повеќе слики, одете во За нас - Предавања
Отварање на центарот
Сечење на црвената лента од страна на Директорката на Гимназијата

“Орце Николов“, директорот за основно образование г-дин Небојша Мојсоски

како и Шерон Келман Јет, специјалист за комуникации при USAID
Отворање на центарот
Предавање од страна на волонтерите во
кариерниот центар

за време на свеченото отварање
Изглед на центарот
Ова е еден мал дел од тоа како изгледа
нашиот Кариерен Центар. За повеќе,
одете во Галерии - Разно
Печати

Отворен ден - 12ти мај

otvorenden_slikaСУГС Гимназија “Орце Николов“ ве поканува да бидете дел од настанот ОТВОРЕН ДЕН во сабота, 12.05.2012 год. од 10-14h. Искористете ја единствената можност да се дружите со учениците - волонтери од Кариерниот центар и професорите од нашето училиште.

Линк до настанот

Печати

Ревија во Орце Николов - Trash Fashion Skopje

trashfashion_thumbНа 20.04.2012 во холот на Орце Николов се одржа модна ревија со облеки изработени од рециклирани материјали со цел да се избере претставник за модната ревија Trash Fashion Skopje. На неа ќе бидат претставени модели направени со рециклирани материјали од отпад презентирани од ученици од средните училишта од цела Македонија, меѓу кои и победникот од Орце Николов Bakushan на учениците од втора година.

Печати

Затворање на проектoт за основно образование од USAID

По шест години работа, проектот за основно образование од USAID заврши со свечена церемонија, на 15.02.2012год. во х.Александар Палас. Церемонијата беше отворена со американската и македонската химна кои беа испеани од страна на училишниот хор при СУГС Гимназија Орце Николов, под диригентската палка на професорката Сузана Тнокова Кузмановска. Во текот на претставувањето на работата на повеќето учесници во проектите реализирани во изминатите шест години, исто така, се обратија со свој говор Американскиот Амбасадор г-дин Paul D. Wohlers и министерот за образование м-р Панче Кралев . По завршување на обраќањата , церемонијата беше затворена со вториот настап на училишниот хор во чија програма се најдоа композициите „Дафино вино“, „Rolling in the deep“ и „За овој свет“ по кои добија громогласен аплауз и многу позитивни реакции и пофалби од сите присутни на настанот.

Погледнете ги сликите овде

Печати

Презентација од Бизнис Академија Смилевски-БАС

На 01.02.2012год. БАС дојдоа за да ги дадат резултатите на учениците кои учествуваа во тестирањето, а исто така и за да одржат една мала презентација за академијата, за време на која учениците имаа прилика да се дружат со професор од нивната академија кој одговораше на сите прашања поставени од учениците и ги објасни бенефициите што ќе ги добијат тие што ќе се запишат на оваа академија. Оваа година БАС доделуваат и 18 стипендии за ученици од Скопје, Битола и Струмица. За повеќе информации можете да го посетите нивниот сајт www.bas.edu.mk


Печати

Тестови за професионална ориентација - Бизнис Академија Смилевски БАС

На 24.02.2012 год. во соработка со Бизнис Академија Смилевски-БАС во нашето училиште се одржа тестирање за професионална ориентација за учениците од 4та година кои сакаат да дознаат каков тип на личност се, кои професии би им одговарале, а сето тоа со цел полесно да се одлучат на кој факултет да го продолжат своето образование. Со ваквиот тип на тестови, на лесен начин се дознава кој тип на интелегенција го има личноста веќе развиено и според тоа се добиваат професиите кои таа личност може без поголем проблем да ги извршува.

Печати

Презентација за СИДА од студентите на медицинскиот факултет во Скопје

sidaНа ден 24.11.2011год. , студенти од медицинскиот факултет во Скопје го посетија нашето училиште и одржаа кратка презентација за СПИ (Сексуално преносливи болести). Студентите кои ја одржаа презентацијата беа од 1ва и 2ра година, а останатите беа нивни ментори од повисоките години. 

Како членови на European medical students association of Macedonia – EMSA беа дојдени со цел да не информираат за Сидата како болест, вирусот која ја предизвикува, како се пренесува и сл. На презентацијата присуствуваа ученици од 3та и 4та година, кои многу добро соработуваа со студентите.

        orcelogo 

  USAID1 

    USAID2

    USAID3 


   20% матурски попуст во “Козметичко Студио Белеза“

Animal Medica

Календар на настани


април 2012 мај 2012 јуни 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Следете нé на фејсбук

Најава

Најкоментирано

Контакт

Адреса: Илинденска ББ, 1000 Скопје
Телефон: 02/3065-565
Факс: 02/3065-555
Мејл: kariera@orcenikolov.edu.mk

Работно време

Секој работен ден

од 11:30 до 15:30

Најдобро се гледа на - Best viewed with

    Chrome